Естебан Окон е сензационалниот победник на трката во Унгарија. 24-годишниот Французин го оствари нејголемиот успех во кариерата и заврши на врвот пред Себастијан Фетел.
Трката започна по дождливо време и инцидент уште на стартот. Валтери Ботас удри во Ландо Норис, кој потоа остана без избор и го оштети болидот на Макс Верстапен, кој заврши надвор од патеката. Мешаницата на неколку делови од „Хунгароринг“ предизвика црвено знаме и прекин.
Новиот старт донесе интересен момент, бидејќи само Хамилтон одлучи да стартува од целната рамнина. Сите останати заминаа во боксот за да менуваат пневматици за сува подлога. Дождот веќе го немаше, а круг подоцна и британскиот возач се одлучи за оваа стратегија.
Бранителот на титулата заврши од последното место, но со напорна работа на крај се избори за место на третото место на пиедесеталот.
Хамилтон го презеде водството во генералниот пласман, во пресрет на трката за ГН на Белгија на 29 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.