Одбојкарките на клубот Јанта Форца Волеј се победнички во финалето на Пионерската државна лига на Македонија и на Младинската државна лига на Македонија. Под раководство на тренерите Никола Јанта Јаневиќ, Даниел Аврамски и Дино Гошевски пионерките и младинките славеа со убедливи 3:0 над Пелистер од Битола.

Во Пионерската лига во полуфиналето беа подобри од Наковски Волеј од Струмица, а во младинскиот полуфинален натпревар го совладаа Фит Фан Волеј од Скопје.

Пелистер во финалесто стигна преку Вардар ЕМ, совладувајќи го со 2:0.

Јанта форца волеј ја освои шампионската круна во Пионерската лига. Второ место е Пелистер од Битола, а бронзата им припадна на девојките од Наковски Волеј од Струмица


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.