Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за Европското првенство.

Победа против Унгарија е императив за нашите одбојкари, во вечерашниот последен меч од квалификациите за Европскиот шампионат. Но, освен тој потребни се да бидат исполнети уште два услови, па „црвено-жолтите“ да го обезбедат своето прво учество на континенталното првенство.

За Македонија да биде дел од елитата потребно е да слави победа со максимални 3-0, но претходно да се надева и дека Летонија ќе го победи Израел, односно Шведска ќе слави над Азербејџан.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се игра утревечер од 20 часот и 15 минути во СРЦ „Кале“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.