Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Албанија со 1-3 (23-25, 25-20, 25-17 и 25-22) во натпревар од третото коло од годинашната Европска сребрена лига.
Популарните „Спартанци“ споро го отворија натпреварот. Имаа негатива во целиот прв сет кој го загубија со 23-25. Во вториот дел нашите одбојкари заиграа на ниво и со сигурни 25-20 успеаја да израмнат на 1-1.
Кога се мислеше дека почетната опуштеност е помината и дека ќе го приведеме мечот до крајот, Албанците одиграа повторно одлично и со убедливи 17-25 го освоија третиот сет и поведоа со 2-1.
Во четвртиот сет продолжи големата борба во која подобро се снајдоа Албанците и со 25-22 успеаја да ја забележат првата победа против Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.