На ФИС СЕС Nation CUP одржан во Poiana Brasov, во Романија во период од 18 до 21 февруари годинава учестуваше и членот на ски клубот Сноу спорт од Гостивар и член на скијачката репрезентација на Македонија Виктор Петков (1999).
Тој ги постигна најдобрите резултати во оваа ски-сезона. На првиот натпреварувачки ден во велеслалом Петков го освои третото место и бронзениот медал, следниот ден во истата дисциплина го подобри своето возење и го освои првото место и златниот медал. На последниот ден во дисциплината слалом го освои второто место и сребрен медал со заостанување од само пет стотинки.
Со овој негов настап покажа дека сепак во Македонија има и таленти и врвни скијачи. Со голема гордост и неизмерна радост го развиори македонското знаме на победничкиот пиедестал, додека во позадина се слушаше македонската химна. Со овие негови настапи ги направи среќни сите Македонци и граѓани на нашата дрзава, а со извонредните возења и постигнати времиња не ги остави рамнодушни ниту присутните на ова натпреварување и сите вљубеници во сликањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.