Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ на мечот со Французинот Лукас Пуј, кој го доби во полуфиналето на Австралија Опен, имаше интересен детал, односно, покрај крстот околу вратот имаше и нова амајлија.

Амајлијата симболизира сила, енергија и заштита“, рече Ноле, кој го промени и начинот на прославување на секоја победа. По пласманот во финалето го допре теренот, а потоа испрати поздрав кон небото.

Што се однесува до мојата романтична врска со теренот, се обидувам да ја практикувам секогаш кога ќе излезам на теренот, без разлика дали тоа е на тренинг или на натпревар,сакам да се заблагодарам за тој момент. Можеби звучи клише, но за мене благодараноста е на прво место“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.