Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, изјави дека му било важно да победи на почетокот на сезоната на земја по дисквалификацијата од УС Опен во Њујорк.

Денес, по еден час и 24 минути игра, Ѓоковиќ го совлада Салваторе Карузо со 6:3, 6:2, со што обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Рим.

– После она што се случи во Њујорк, за мене беше многу важно да ја започнам сезоната на земја со победа и да се чувствувам добро на теренот. Имав добар и солиден ривал. Тој влезе во натпреварот со голема самодоверба, а јас бев малку несигурен поради она на УС Опен. Продолжив понатаму, имав добри тренинзи. Има работи на кои треба да работам, но во моментов сум многу задоволен, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Негов следен ривал ќе биде српскиот тенисер Филип Крајиновиќ.

Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 3.465.045 евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.