Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе учествува на летните Олимписки игри.

Новак ја потврди желбата да учествува на Олимпијадата и ние списокот со неговото име веќе го испративме до Олимпискиот комитет на Србија – информираат од српската Тениска федерација за белградскиот весник „Спортски журнал“.

Ѓоковиќ веќе има еден бронзен медал од Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, кога во натпреварот за третото место го совлада Американецот Џејмс Блејк.

Олимпијадата во Токио ќе се одржи од 23 јули до 8 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.