Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ донира еден милион евра на Србија за купување респираторни апарати во борба против коронавирусот. Тој ова го соопшти на конференција која радио од Марбеља преку видео техноогија им го пренесе на новинарите.

Ви благодарам што сте присутни денеска на конференциско дружење. Пред се би сакал да се заблагодарам, на сите медицински лица кои со денови ширум светот се борат за здравјето на луѓето и се трудат на некаков можен начин да им помогнат на инфицираните. јас и Јелена и фондацијата одлучивме да собереме колку може повеќе информации за да утврдиме кој е најдобар начин како да ги донираме своите ресурси, знаење и пари и како би било најадекватно таа помош да влијае на здравјето на луѓето во Србија, рече Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.