Јужноафриканката Татјана Шејнмејкер постави нов светски рекорд на 200 метри градно и го освои златниот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои се во тек во Токио. Таа утринава го собори поранешниото најдобро време во светот за 16 стотинки на Данката, Рене Молер Педерсен.

Првиот индивидуален светски рекорд на овие ЛОИ во Токио, Шенмејкер го постави со време 2:18,95 минути и после осум години оваа делница во пливањето доби ново најдобро време, а Јужноафриканката ги победи Американките Лили Кинг и Ени Лејзор.

Три нови олимписки рекорди паднаа во пливање и тоа Ема Мекион во дисциплината 100 метри слободно со време 51,96 секунди, триумфирајќи пред Сјобан Бернадет Хауи од Хонг Конг и Австралијката Кејт Кемпбел.

Евгени Рилов со најдобро време на олимписките игри на 200 метри пеперутка го урна рекордот од Лондон за 14 стотинки. Рилов победи пред Американецот Рајан Марфи и Лук Гринбек од Велика Британија, пливајќи време 1:53,27 минути.

Американецот Кејлеб Дресел, пак, постави олимписки рекорд во полуфиналето на 100 метри пеперутка.

На 200 метри мешано злато освои Кинезот, Шунг Ванг,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.