Македонските олимпијци од Специјалната Олимпијада забележаа нов успех на Светските игри во Абу Даби, откако атлетичарот Ардијан Шабани освои два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

Македонската специјална олимпијада замина во Абу Даби со 26 членови, а македонските натпреварувачи се натпреваруваат во пливање, атлетика и унифајт кошарка.

Претходно на Светските игри златни медали освоија и Марио Мицевски и Стефан Трпковски на 50 метри во слободен стил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.