Норвежанецот Карстен Вoрхолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на Олимписките игри во Токио.

Вoрхолм победи во финалната трка со време 45,94 секунди, со што го собори сопствениот светски рекорд поставен на 1 јули 2021 година кога истрча 46,70 секунди.

Пред ваквите резултати на норвешкиот атлетичар, најдоброто светско време цели 29 години му припаѓаше на Американецот Кевин Јанг (46,78).

Двократниот светски шампион, Вoрхолм го освои првото олимписко злато во кариерата.

Олимпиското сребро оди на градите на Американецот Рал Бенџамин со време 46.17, а бронзениот медал го освои Бразилецот Алисон дос Сантос, кој трката ја заврши со резултат 46.72.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.