Британскиот тенисер Даниел Еванс смета дека Новак Ѓоковиќ мора да сноси одговорност за она што се случи со „Адрија Тур“

Григор Димитров беше првиот што објави дека е позитивен на коронавирусот, по што сите, освен Ѓоковиќ, веднаш беа тестирани за „Ковид-19“.

Фитнес тренерот на Новак, Борна Чориќ и тренерот Григор Димитров беа позитивни.

– Мислам дека тој постави лош пример за сите. Иако во таа земја не постојат мерки за социјално растојание, мислам дека требаше да се придржуваат до тоа. Тоа не е шега, зар не? Иако во таа земја мерките беа укинати и сè се врати во нормала, сè уште би се обидувал да се дистанцирам што е можно повеќе од другите луѓе, колку што можам.
Воопшто не е добро што Григор Димитров има коронавирус и дека Чориќ има коронавирус, но ако „го вратите филмот“, зарем тоа е изненадување? Мислам дека тоа е прашање што сите треба да го поставиме. Можеме да научиме многу од оваа ситуација. Се надевам дека ова што се случи нема да го откаже УС Опен. Се надевам дека организаторите нема да се премислат, по сè што се случи таму, вели британскиот тенисер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.