Златан Ибрахимовиќ во последно време е крајно активен на сите полиња, не само поради најавите за нов голем трансфер во неговата кариера, туку и поради мистериозните објави кои ги има на социјалните мрежи.

Ибра пред неколку дена ја „запали“ фудбалска Шпанија и навести дека ќе се врати на Пиринеите, но ако шпекулациите за неговата иднина се очекува да траат се до месец јануари, во меѓувреме Новак Ѓоковиќ конечно одлучи да одговори на предизвикот кој му го достави Швеѓанецот во месец септември.

Напаѓачот тогаш демонстрираше „Матрикс“ потези со фудбалската топка и меѓу предизвиканите беше и светскиот рекет број еден, а сега Ноле му одговори со урнебесен перформанс со тениското топче, по што одлучи да ги предизвика Кристијано и Мбапе…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.