Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Ролан Гарос откако во три сета го победи Пабло Куевас, но неговиот меч помина во знак на вербалниот инцидент што српскиот тенисер го имаше со еден од навивачите присутни на трбините.

Честопати во моментите кога Ѓоковиќ требаше да се сервира, навивач од трибините  постојано му дофрлуваше. Ноле, на почетокот не реагираше, но кога дофрлувањата не престанаа му пријде на главниот судија Рено Лихтенштајн и му покажа кон делот од трибините од каде постијано му дофрлуваа.

Секој пат го прави тоа, секој пат. Ќе направиш ли нешто во врска со тоа, кога ќе реагираш? – му се обрати Ѓоковиќ на главниот судија.

Судијата потоа ја замоли публиката да се однесува пристојно, а Ѓоковиќ, враќајќи се кон своето место го „почести“ навивачот со сочна пцовка.

Да ти е**м мајката – можеше да се прочита од неговите усни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.