Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, по десетти пат во кариерата обезбеди пласман во полуфиналето на грен-слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево без загубен сет го совлада Унгарецот Мартон Фучувич.
Ѓоковиќ го надигра 48. рангираниот тенисер на АТП листата со 6:3, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.
Бранителот на титулата во Вимблдон за своето седмо учество во финалето во Лондон ќе игра против победникот од дуелот Русинот Карен Хачанов и Денис Шаповалов од Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.