Полскиот тенисер Хурберт Хуркач се пласираше вечерва во полуфиналето на Вимблдон, совладувајќи го Швајцарецот Роџер Федерер со 6:3, 7:6, 6:0.

Откако во осминафиналето го совлада Русинот Данил Медведев, 18. рангираниот светски тенисер денеска беше поуспешен и од осумкратниот освојувач на Вимблдон, елиминирајќи го легендарниот Швајцарец по само еден час и 50 минути тенис.

Победата над Федерер на 24-годишниот Хуркач му донесе прво грен-слем полуфинале во кариерата, а воедно стана само вториот Полјак на кого тоа му успеало по Јержи Јановиц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.