МММ настанот во Москва „Фајт најтс глобал“, во организација на АМЦ, предизвика огромен скандал и масовна тепачка во која учествуваа голем број луѓе, коишто дури ни полицијата не можеше да ги смири.
Владимир Минеев и Магомед Исмаилов, чија претходна борба во октомври 2018 година заврши нерешено, требаше да ја промовираат својата борба во средна категорија, но си разменија провокативни зборови од кои им зовре крвта, па почнаа да се тепаат.
тоа беше иницијална каписла за во октагонот да влетаат 20-тина лица по што не се знаеше „кој пие, кој плаќа“. Боксови летаа на сите страни. Реагираше и полицијата, а по завршување на инцидентот, борбите продолжија најнормално.
Погледнете што се случи и на каква тепачка беше сведок публиката во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.