Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имал отворено интервју со “New York Times”.

Новак Ѓоковиќ, првиот рекет во светот, вели дека последен пат зборува за вакцинацијата, разјаснувајќи го своето гледиште.

Видов дека странските медиуми малку ја извлекоа од контекст таа моја изјава, пишувајќи дека сум целосно против било каква вакцина. Мојот проблем со вакцинацијата е ако некој на сила ме тера да внесам нешто во своето тело – оценил Новак.

Тоа не го сакам. За мене, тоа е неприфатливо, рекол тој.

Најдобриот тенисер на светот вели дека е сигурен дека во светот постојат многу вакцини кои спречиле ширење на разни зарази.

Не сум против вакцинацијата бидејќи – кој сум јас да зборувам за тоа кога тука има стручни лица, медицински работници кои спасуваат луѓе ширум светот. Сигурен сум и дека постојат вакцини со мали нуспојави, а кои им помогнале на луѓето да спречат ширење на инфекции низ светот – рекол српскиот тенисер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.