Крајно неизвесно финале на УС Опен вчера одиграа Рафаел Надал и Данил Медведев, а на крајот шпанскиот тенисер стигна до 19. гренслем-титула во кариерата. Мечот понуди пет сетови и голема борба меѓу тенисерите, откако Надал водеше со 2-0, но Меведев се врати во игра.
Надал стигна до својата 19. гренслем-титула во кариерата и сега има еден помалку од „вечниот“ ривал Роџер Федерер.
При доделување на трофеите на големиот екран се појави видео посветено на неговите претходно освоени гренслем-трофеи, а Шпанецот гледајќи ја скоро целата своја кариера и најголемите успеси во неа, не можеше да ги скрие емоциите и се расплака.
Witnessing history, from 1 to 19….@RafaelNadal | #USOpen pic.twitter.com/33kDYn4kwf
— US Open Tennis (@usopen) September 9, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.