УС Оупен е зад него, Мастерс 1000 во Рим е пред него.

Новак Ѓоковиќ само накратко се осврна на случувањата од Флешинг медоус во видео чат со новинарите во Рим.

Се разбира, дисквалификацијата беше главна тема.

Правилата се јасни. Ја прифатив одлуката и продложив понатаму. Така е, како што е – рекол Ѓоковиќ и додал:

Не можам да ви ветам или да гарантирм дека веќе никогаш нема да направам нешто слично на ова во животот. Секако ќе дадам се од себе, ама се е можно во животот.

Ѓоковиќ призна дека во минатото имал слични испади како и многу други тенисери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.