Вчера беше навистина успешен спорт за Македонците на Олимпијадата во Токио.Покрај Дејан Георгиевски во теквондо кој освои сребро, уште една нашинка се закити со медал.Станува збор за Џена Каира која со Канада освои бронза во софтбол. Софтбол е игра слична на безболот.

Џена има македонско потекло по нејзината мајка. Има 31 година, родена е во Торонто и настапува на позицијата фрлач.

Џена е горда на своето македонско потекло и на времето поминато со своите роднини од Македонија.

. Поминував време слушајќи ги нивните приказни, а потоа танцував на македонска музика додека баба ми го водеше орото-вели Џена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.