Олимпискиот и боксерскиот свет е шокиран по извештајот на канадскиот спортски адвокат Ричард Мекларен во кој се тврди дека на Олимписките игри одржани 2016 година во Рио де Женеиро бил наместен исходот на најмалку десет боксерски дуели.
Канадскиот адвокат, кој стана познат пред неколку години по истражувањето за вмешаност на државниот врв во Москва во злоупотреба на допинг средства од страна на руски спортисти, овој пат истрагата ја спровел на барање на Меѓународната боксерска федерација (AИБА), која изминатите неколку години е цел на критики за корупција и манипулации.
Меѓународниот олимписки комитет ја суспендираше Светската боксерска федерација во мај 2019 година и самиот го организираше боксерскиот турнир на Игрите во Токио ова лето.
Системот на корупција бил воспоставен од порано при што постојат индиции дека сè почнало на натпреварувањата во 2011 година, а продолжило на Олимписките игри во Лондон 2012. AИБА има долга историја на корупција и манипулации – се наведува во извештајот на Мекларен.
Во него се наведуваат детали за начинот на кој биле местени боксерски натпревари, при што се истакнува дека клучна улога во тоа имале судиите, кои за таа цел користеле и посебен знаковен јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.