Маратонската трка на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токи кои завршија вчера ќе остане запаметена и по неспортскиот потег на Французинот Морхад Амдуни, кој очигледно заборави на основните спортски принципи и ферплејот, па ги налути и ривалите и спортската јавност.
Тој на половина од трката мина крај местото каде имаше наредено чаши со вода и ги истури сите, потоа земајќи ја последната, оставајќи ги противниците без освежување.
Амдуни во тој момент се натпреваруваше со Абди Нагеје од Холандија, кој остана без вода, но со тоа само го мотивираше противникот. Холанѓанецот на крајот стигна до второто место и сребрениот медал, додека Амдуни ја заврши трката на очајното 17. место.
Дајте му ја наградата за најголем кретен на ОИ“, напиша британскиот новинар Пирс Броснан објавувајќи го видеото од неспортскиот потег на Французинот.
男子マラソンの給水所の水を根こそぎなぎ払って、後続に飲ませないラフプレイ。
ラスト1本はちゃんとキャッチする技術の持ち主。 pic.twitter.com/fOKIud0hpG— ワクワクそわそわドキンドキン (@rinzinbizin) August 8, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.