Првата тенисерка на ВТА ранг листата Ешли Барти е поразена на стартот на олимпискиот турнир во поединечна категорија. Таа загуби од Шпанката Сорбес Тормо во два сета со 6:3,6:4.
Се чини дека Барти по триумфот на Вимблдон, остана без голема мотивација и тоа го искористи шпанската тенисерка. Сорбес Тормо дури пет пати го дзеде сервисот на најдобрата тенисерка на светот, и покрај тоа што самата губеше по еден гем на свој сервис, успеа на крајот да слави.
Затоа успешен настап имаше Наоми Осака која се врати на терените по неколкумесечна пауза. Осака со 6:1,6:4 ја совлада кинеската тенисерка Женг, а победа во првото коло славеа и фаворитките Мугуруза, Плишкова, Сабаленка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.