И официјално Рафаел Надал повеќе не е достапен ерген – особено откако ја побара за жена Марија Франческа „Чиска“ Перељо.
Тенисерот и атрактивната Шпанка се познаваат од детството и важат за една од најубавите двојки во спортскиот џет сет. Во врска се 14 години, а планираат заедничкиот живот да го рподолжат на Мајорка.
Според магазинот Хелоу! Надал (32) ја побарал Перељо минатиот мај на романтично патување во Рим, но веста ја објавиле дури сега.
Перељо работи како осигурителен агент, а на финалето на Австралија опен се појавува вторпатза да го бодри 17-кеатниот гренслем шампион откако се заедно од 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.