Рафаел Надал на Твитер објави дека нема да игра на Вимблдон и на Олимпијадата.
„Тоа беше тешка одлука, но морав да го слушам моето тело и ова е најдобрата одлука. Мојата главна цел е кариерата да трае и да продолжам да се борам за најголемите трофеи. Од Ролан Гарос до Вимблдон има само две недели. Нема доволно време да се опоравам. Последните два месеци беа одлични, но истовремено и голем товар за моето тело “, напиша Надал во серијата твитови.
Шпанецот, кој неодамна наполни 35 години, ги освои Барселона и Рим на турнирите на земја, каде во финалето го победи Ѓоковиќ. Но, во полуфиналето на Ролан Гарос загуби од Новак во четири сета и потоа реши да паузира.
Тој играше во полуфиналето на последниот Вимблдон во 2019 година, а тој турнир го освои во 2008 и 2010 година. На Олимпијадата 2008 година зеде злато во сингл конкуренција, а во 2016 година во двојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.