Рафаел Надал му одржа вистинска лекција на големиот ривал Новак Ѓоковиќ на денешниот меч на турнирот во Париз, победа која за него беше јубилејна 100. во француската престолнина, победа со која стигна до 20. грен слем со што сега заедно со Рожер Федерер се на врвот на оваа листа.
Бикот од Мајорка беше на сосема повисоко ниво на средбата во Франција, му препушти на противникот само 7 гејмови (6:0, 6:2, 7:5) и сосема заслужено дојде до одбрана на пехарот на неговиот омилен турнир. Ова за Рафа беше 27. славје со Новак со што го намали водството на Србинот во меѓусебните дуели (29-27).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.