Вториот рекет на светот Рафаел Надал ги загрижи Шпанците, бидејќи не го потврди учеството на Олимписките игри, туку истакна дека настапот во Токои зависи од следните турнири на кои ќе настапи.

Рафа е поранешен олимписки шампион од 2008 година во сингл додека во Рио пред четири години беше првак во двојки. Сепак неизвесно е дали публиката во Токио ќе може да го гледа.

Ќе почекам да видам дали ќе можам да настапам на Олимписките игор. Има уште многу турнири пред мене до ОИ и ова ќе биде тешка сезона со оглед на тоа дека до крајот на 2019 и почетокот на 2020 година имав многу куса пауза. Поради тоа морам да видам какви напори ќе донесат претстојните турнири и внимателно да донесам одлука, рече Надал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.