Организаторот на Олимписките игри го смени Олимпиското мото.

Промената е едногласно одбрена на сесијата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Токио (Јапонија).

Сега Побрзо, повисоко, посилно – заедно, гласи новото мото.

Претходното мото гласеше: „Побрзо, повисоко, посилно!“.

Ова мото беше одобрено на првиот Олимписки конгрес уште во 1894 година.

Новото мото го предложи претседателот на ИОК, Томас Бах.

Ова е значаен настан – напиша Бах на социјалните мрежи.

Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.