Постапката на атлетичар не враќана корените на спортот кога спортот се практикуваше за развивање здраво тело и здрав дух, за промоција на заедништвото и хуманоста, а не за трупање богатство.

Неговиот колега и сопарник на само неколку метри од целта колабирал, а тој го видел тоа и се вратил назад за да го подигне и да му помогне.

Го пуштил пред себе и го расипал и својот пласман и своето време од 39 минути за да му помогне на повредениот спортист. На помош притрчалеи неколку атлетичари кои веќе во тој момент ја имале завршено својата трка.

Ова им се случува дури и на најподготвените спортисти, нагло губење на силата и интензивно чувство на грчеви со повремена дезориентација не е невообичаена појава, објаснуваат експертите.

Невообичаено е тоа што не е баш секој подготвен да го ризикува својот резултат за да помогне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.