Третата по ред атлетска трка „Скопје трча“ на 10 килемтри (Skopje Run 10K) ќе се одржи на 6 октомври, недела, во 10 часот.
Ќе има две трки и тоа 10 километри и штафетна трка 2 х 5 км каде што двајца тркачи трчаат по 5 км и каде што секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски.
Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври на во кугланата во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да покажете документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.
Сите заинтересирани треба да се пријават на http://www.skopje.run или www.smartrace.club.
Оваа година стартот е од фонтана „Лотус“ во Градскиот парк, потоа се трча по бул. „Илинден“ до ул. „Никола Парапунов“ каде што се врти назад повторно до финишот кој е кај фонтана „Лотус“.
Трката е во организација на Виз Ер Скопски маратон и Сојуз на спортови на Скопје. Минатата година околу 1.600 тркачи излегоа на патеката на прекрасното време и целосно ја пренесоа пораката дека спортот и спортскиот начин на живот е значаен дел од секојдневието во Скопје и Македонија.
Генерален покровител на трката е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје и огромна помош имам и од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.