Србинот Новак Ѓоковиќ дојде на чекор да испише историја во светскиот тенис, откако рано утрово по голема борба во пет сетови го совлада Германецот Александар Зверев (4-6, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2) и се пласираше во финалето на УС Опен, во кое за противник ќе го има Русинот Данил Медведев.
Најдобриот светски тенисер сега го дели само една победа од календарски грен-слем, кој последен пат го освои Род Лејвер во 1969 година, како и од рекордна 21 титула на најголемите турнири со што ќе ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал (20).
Српскиот тенисер, исто така, дојде и до своето рекордно деветто финале на грен-слем турнирот во Њујорк со што ги надмина Пит Сампрас и Иван Лендл.
Противник на Ѓоковиќ во утрешното финале на стадионот „Артур Неш“ ќе биде вториот тенисер во светот Данил Медведев, кој во првото полуфинале без поголеми проблеми со максимални 3-0 во сетови (6-4, 7-5, 6-2) го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим (15 на АТП листата).
Пред Новак Ѓоковиќ е историска шанса да освои четири титули во сезоната, што секако во минатото му пошло од рака само на еден тенисер, Род Лејвер, во 1969 година.
„Следниот меч ќе го играм и следам како да ми е последен во кариерата. Ќе го дадам срцето, телото и душата за да победам и да освојам календарски слем“, порача Ѓоковиќ на кратко по
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.