На Светското првенство во атлетика во Доха Швеѓанката Анџелика Бенгтсон, натпреварувачка во скок со стап прво имаше бизрен инцидент кога ѝ се скрши стапот пред последниот трет скок на височина од 4,80 метри и таа падна, а за среќа помина без повреди.

Бидејќи немаше стап за третиот обид, позајми еден од Французинката Нинон Гвилон-Розмари која веќе го заврши натпреварувањето.

Третиот обид беше повеќе од успешен: постави свој личен, а и државен рекорд на Шведска.

Бенгтсон потоа не успеа на следното ниво од 4,85 метри, но ова е огромен успех за неа и нејзиниот настап на СП во Катар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.