Американскиот шахист со индиско потекло, Абхиманју Мишра, стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот. Мишра ја заслужи титулата на возраст од 12 години, 4 месеци и 25 дена.

На турнирот „Везеркепжо ГМ Микс“ во Будимпешта, Мишра ја освои последната, трета норма за титулата велемајстор. Тој исто така ја надмина потребната бариера за рејтинг поени од 2500 ЕЛО.

Мишра го сруши рекордот на Русинот Сергеј Карјакин стар 19 години. Карјакин стана велемајстор на 12 август 2002 година на возраст од 12 години и седум месеци.

Мишра (роден на 5 февруари 2009 година) е шаховско чудо од дете од Њу Џерси. Уште на 7,5 години го собори рекордот на Шаховската федерација на САД за најмлад Експерт, заработувајќи рејтинг 2000. Потоа, тој го сруши рекордот на САД во шах за најмлад Национален мајстор заработувајќи рејтинг 2200 – на возраст од 9 години, 2 месеци и 17 дена.

Мишра го држи и светскиот рекорд за најмлад Интернационален мајстор, титула која ја заработи во ноември 2019 година на возраст од 10 години, 9 месеци и 20 дена. ФИДЕ му ја додели титулата во февруари 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.