Висок члена на јапонската владејачка партија, Тоширо Никаи, изјави дека откажувањето на Олимписките игри во Токио и понатаму е една од опциите, доколку состојбата со корона вирусот во Јапонија не се стабилизира.
Доколку биде невозможно да бидеме домаќини на ОИ, тогаш мора да го запреме процесот. Откажувањето на Игрите стои како една од опциите, а доколку постои опасност олимпијадата да „го прошири“ вирусот, тогаш зошто воопшто да се одржуваат Игрите – изјави Никаи.
Организацискиот одбор на Олимписките игри не го дели истото мислење како Никаи и од таму одговорија дека сите кои учествуваат во организацијата на Игрите се целосно фокусирани Токио од 23. јули до 8. август да биде добар организатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.