Претстојните Олимписки игри во Токио би можеле во целост да се одржат без присуство на гледачи, најави денеска претседателката на Организацискиот одбор, Сеико Хашимото.

Во март беше донесена одлука да биде забрането доаѓање на навивачи од странство, а поради сè потешката епидемиолошка состојба во Јапонија поврзана со коронавирусот, конечната одлука дали на Јапонците ќе им биде дозволен влез на олимписките борилишта е одложена за јуни, еден месец пред почетокот на Игрите.

Нашата прва цел е Игрите да ги одржиме безбедно, како за спортистите, така и за целото јапонско население. Тоа значи дека Игрите би можеле да бидат одржани во целост без гледачи, доколку состојбата со пандемијата биде лоша. Анкетите покажуваат дека нашите сограѓани се загрижени и доколку состојбата не се подобри тогаш ќе донесеме одлука да нема гледачи, додаде првиот човек на Олимпискиот одбор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.