Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на прес-конференција најави дека три милиони евра, односно 184,5 милиони денари, пари од државниот Буџет, ќе бидат насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт.
Мојсовски вели дека со оваа мерка се опфатени 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти кои досега добиле спортски ваучер.
Тој додаде дека средствата на Буџетот се дел од програмите за справување со последиците од Ковид-19 кризата.
Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето поради корона вирусот и финансиската поддршка на спортските чинители од државата е еднократна употреба. Со оваа владина одлука усвоена на 65. седница на наменските сметки на спортските субјекти на кои им е издаден ваучер за 2021 година ќе бидат уплатени најмногу 33 отсто од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена на официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб-страната на АМС – наведе Мојсовски.
Тој посочи дека процедурата е едноставна и брза.
УЈП до АМС ќе достави листа на спортски субјекти кои се корисници на спортски ваучер и кои имаат поднесено и одобрено барање за даночно ослободување и донирање финансиски средства на спортските субјекти. Веднаш потоа АМС ќе изврши евалуација на листата и до УЈП ќе достави листа на спортски субјекти и износ на користење на остатокот на буџетот кој им е издаден за 2021 година по што конечната листа ќе биде доставена до генералниот секретар на Влада и ќе следува исплата – објаснува Мојсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.