Младиот хокеар и капитен на младинската екипа на Динамо Санкт Петербург, 19-годишниот Тимур Фајзутидинов, почина како последица на повредата која ја здоби на хокеарски натпревар во Русија.

За време на мечот со Локомотив Јарослав Фајзутидинов доби удар со пак во главата. Лекарите три дена се бореа за неговиот живот, но за жал не успеаја да го спасат.

Веднаш по ударот повредата не изгледаше сериозно, но на Фајзутидинов веднаш на теренот му беше имобилизиран вратот по што беше пренесен во болница каде што, сепак, три дена подоцна почина.

Тој за младинскиот тим на Динамо Санкт Петербург, има одиграно повеќе од 200 наптевари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.