Мик Шумахер, синот на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, во неделата пред 1.000 ГП трка за Ферари на ГП на Тоскана во Муџело имаше чест да го вози шампионскиот болид на неговиот татко Ф2004 од 2004 година.

Михаел ја освои седмата и последна Ф1 титула со овој болид, кој многумина го сметаат за најдобриот во историјата на италијанскиот тим – со кој се остварија 15 победи во 18 трки и 12 од првите 13.

Секогаш беше сон да се вози овој болид. Имав шанса да го пробам во Хокенхајм минатата година, но сега во Муџело без дожд… Вистинска чест, благодарност до Ферари за шансата“, вели Мик.

Мик Шумахер е лидер во Формула 2 шампионатот на три трки пред крајот со осум поени пред уште еден јуниор на Ферари, Калам Илот. Постојат шпекулации дека тој во 2021 ќе влезе во Формула 1 преку тимот на Алфа Ромео.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.