Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ му го честиташе освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) во теквондо на младиот Филип Додевски. Мицкоски им честита и на неговите тренери Дарко и Борче Костовски кои со макотрпана работа и тренинг го донесоа Додевски до третото место во Европа.

Честитки за младиот Филип Додевски и бронзата на Европското првенство во Теквондо. Филип медалот ѝ го посвети на Македонија и Денот на независноста, а јас овој момент на честитки и внимание му го посветувам нему. Честитки и за неговите тренери Дарко и Борче Костовски. Македонија е горда на вас момци!, напиша Мицкоски на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.