Една од најдобрите македонски пливачки во моментов, Миа Блажевска-Еминова, викендов, на Зимското национално првенство во мали базени, сруши три апсолутни и два кадетски рекорди, меѓу кои убедливо најзначаен е тој во трката на 100 метри пеперутка, кој во изминативе две децении беше во сопственост на поранешната олимпијка и сигурно најдобра македонска пливачка на сите времиња, Наташа Мешковска.
Блажевска, која има само 14 години, патеката во базенот во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја мина за 1:02,98 минути, а постави најдобри резултати во апсолутна конкуренција во трките на 50 метри со грбен и граден стил. Натпреварувачката на ПВК Орион исто така урна кадетски рекорди во трките на 50 метри пеперутка и 100 метри градно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.