Mетодија Талески од Прилеп е човекот кој 15 години работел болидите на Формула 1.
Тој за Зенит раскажува како со голема прецизност ги изработувал оштетените делови од болидите на Формула 1, за што Германците знаеле добро да го наградат. Работел како дреар на дребонг во специјализирана фабрика во Келн, во која покрај деловите за болидите се изработувале и делови за нуклеарните централи. Како искусен мајстор на занаетот, се јавил на конкурсот објавен во весник и тоа на 54 годишна возраст, откако ја напуштил претходната фирма.
Петнаесет години бев на штрек и дење и ноќе, и делник и празник да им излезам во пресрет во отстранување на ситните дефекти во подготовките на болидите на Тојота за трките на Формула 1. Често ме будеа во ситни саати за навреме да се направи делот и да се транспортира каде и да се тркачките автомобили. По нацртите на инженерите за најкусо време ги подготвував новите делови да се монтираат на местото од оштетените и најбрзо да се стигне до пистите на трките насекаде низ светот. Деловите пред транспортот минуваа на прецизна, детална контрола. И во работното искуство никогаш не ми се случи некој дел да направиме по втор пат. Осовинчиња, штафчиња и други елементи изработував со леснотија. Кога работев во Тојота, беше времето на Шумахер – објаснува Методија Талески.
Му било убаво, некогаш одел со такси, или со возилото. За пет или 50 минути ги изработувал различните делови. На челикот му ја знаел душата.
Ми праќаа цртеж. И по него работев. Го носев занаетот во малиот прст. Некои делови ги изработував додека инеженерот пиеше кафе. Се чудеа од квалитетот со микронската прецизност без никакви пропусти. Грешките доколку постоеаја, ги откривав сам. Не ме фаќаше трема, како го правиш ова, ме прашуваа. Им велев, со раце, како поинаку! Многу беа коректни од фирмата и задоволни. На дребонгот се работеше подобро отколку на современите ЦНЦ машини. Тие беа за сериски изработки, а на поединечни делови – раскажува Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.