Екипата на „Мерцедес“ вложи две жалби по победата на Холанѓанецот Макс Ферстапен на трката на Формула 1 во Абу Даби. Како што пишуваат светските медиуми, „Мерцедес“ испрати официјален протест против конечниот пласман одреден на крајот од трката, поврзано со наводни прекршувања на членовите 48.8 и 48.12 од Регулативите на ФИА. Луѓето кои стојат зад Луис Хамилтон, кој ја загуби титулата во последниот круг, сметаат дека се прекршени правилата при одредувањето на редоследот на крајот на трката и не го прифаќаат конечниот пласман.
BREAKING: Mercedes have protested “against the classification established at the end of the Competition”, relating to alleged breaches of Articles 48.8 and 48.12 of the FIA Sporting Regulations#AbuDhabiGP 🇦🇪 #F1 pic.twitter.com/bO6BLN8lv5
— Formula 1 (@F1) December 12, 2021
Главниот судија на трката, Мајкл Маси, донесе одлука да му се тргнат од патот на Ферстапен болидите кои заостануваа повеќе од еден круг во моментите кога на патеката беше безбедносното возило. Кога безбедносното возило се повлече, Ферстапен го мина Хамилтон во последниот круг и ја освои титулата.
Врескавме на крајот кон луѓето од ФИА да им дозволат на возачите сами да решат на патеката. Фантастичен ни беше потегот да го викнеме Макс за промена на гумите додека беше излезено безбедносното возило. Потоа сѐ беше на него, изјави директорот на „Ред бул“, Крис Хорнер.
Очигледно, Хамилтон и „Мерцедес“ нема лесно да се откажат макар и од административно доаѓање до трофејот, бидејќи еден од нивните аргументи е дека Макс го претекнал Британецот додека трката сѐ уште била во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.