Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор, го најави своето враќање во спортот, само девет дена откако го објави своето пензионирање.
Сакам да продолжам понатаму, заедно со љубителите на различни религии и националности. Сите религии не учат да сме посветени. Имаме еден свет и тој е за сите. Се гледаме во октагонот, напиша Мекгрегор на Твитер.
Ирскиот професионален УФЦ борец има 25 борби во ММА на кои забележал 21 победа. Неговата последна борба беше на 6 октомври 2018 година против рускиот борец Хабиб Нурмагомедов.
Мекгрегор го изгуби тој дуел и остана без титулата во „UFC“ лесна категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.