Ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор за само 40 секунди стигна до победа над Доналд Сероне на УФЦ246 во Лас Вегас.
Мекгрегор од првата секунда беше непопустлив – во првиот напад го погоди Сероне со рамо во глава, по што „Каубоецот“ изгуби контрола, а Ирецот тоа максимално го искористи.
Во наредните 20 секунди Мекгрегор уште упати уште три-четири одлучни удари по глава, по што Сероне падна и беше јасно дека „Ноториус“ ќе биде победник во неговиот голем камбек во УФЦ.
Судијата набрзо потоа го прекина мечот и го прогласи Мекгрегор за победник. Ирецот му пријде на противникот, го бакна во чело и му честиташе.
Следеше голема прослава во рингот, особено имајќи го предвид сознанието дека со оваа победа Мекгрегор е поблиску до реванш со Хабиб Нурмагомедов, како што вети и шефот на УФЦ, Дејна Вајт.
За Мекгрегор ова беше 22 победа и сега има скор 22-4, а 36-годишниот Сероне го доживеа 14-тиот пораз и има скор од 36-14.
Со оваа борба Мекгрегор испиша УФЦ историја – тој е прв ММА борач кој остварил нокаут победа во перолесна, лесна и велтер категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.