АТП спроведе анкета меѓу тенисерите, кои добија задача да предвидат кои 10 играчи ќе бидат во „топ 10“ на крајот на сезоната. Во анкетата, ниту еден тенисер не искажа сомнеж дека најдобар ќе биде Новак Ѓоковиќ.

Во анкетата на АТП учествуваа познати играчи како Григор Димитров, Ник Кирјос, Тејл Фриц, Феликс Оже-Алијасим, Давид Гофан, Рајли Опелка, Лојд Харис и Мекензи Мекдоналд.

Сите тие предвидоа исти седум играчи на врвот на АТП-листата: Ѓоковиќ е најдобар, а по него следат Надал, Медведев, Тим, Зверев, Циципас и Рубљов.

Интересно е што никој не го избра Рожер Федерер.

Дел од тенисерите доцна се сетија дека Федерер, кој пропушти долго време поради повреда, се уште се натпреварува, па подоцна сакаа да го вметнат во Топ 10.

Кирјос дури ја искористи можноста да истакне дека би сакал Федерер да биде прв во светот затоа што тој го смета за „тениски Бог“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.