Со сличен став како и оној на одбојкарите, селекторот на Македонија, Никола Матијашевиќ беше разочаран од играта во третито сет (во поразот од Турија) но и покрај се побара сплотеност, трепение и поголема ангажираност пред се против Белорусија.

Тешко беше, во првите два сета не игравме лошо. Но, многу тешко мене ми паѓа третиот сет. Во него ни падна моралот во целост и концентрацијата и тоа најмногу ме загрижува. За мене сега најважно е тимот да остане заедно, во колективниот спорт по поразите како овој денес многу е важно да се задржи дисциплината и да го искористиме ова ЕП за стекнување на уште поголемо искуство, изјави селекторот Матијашевиќ.


За утрешното соочување со Русија нашиот селектор беше искрен и реален.

Ние не сме луди за да кажеме дека ја победиме Русија. За мене е најважно добро да одиграме против фаворитот и да го искористиме како подготовка за дуелот со Белорусија, додаде Матијашевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.