Младата охридска пливачка легенда Марко Пејчиновски го минува Пештани и ита кон првата цел од соло маратонот долг 64 километри, Св. Наум.

Првите 8 километри Марко ги мина за 2 часа и 49 минути. Последните три километри тој се бори против контра бран кој го создава ветрот кој за разлика од стартот сега дува од јужен правец со брзина од 9 км/час.

Како што е познато Марко ќе се обиде да го исплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, а подвигот го посветува на лицата со ретки болести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.