Во 2020 година, британскиот тенисер Енди Мареј ќе игра на Грен слемот Австралија опен, објавено е на официјалниот Твитер на турнирот.
За Британецот, ова ќе биде прв Грен слем турнир по операцијата на колкот на која претходно тој беше подложен. Последен пат, тој загуби во првото коло и рече дека ова може да биде неговиот последен натпревар во Мелбурн.
Триесет и двегодишниот тенисер беше подложен на операција во јануари годинава. На Австралија опен, Мареј играше пет пати во финалето, но никогаш го нема освоено турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.